ГАЛЕРИЈА | Вардар загуби на враќањето во квалификациите за Лигата на шампионите
Вардар загуби од Купс со 0-2 во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите и со негатива од два гола ќе патува на реваншот во Финска.
Препорачано
Финскиот тим беше подобар ривал и со головите на Магаса и Амрах обезбеди значајна предност, додека Вардар мечот го заврши со играч помалку по исклучувањето на Босанчиќ.
За Вардар овој натпревар беше враќање во квалификациите за Лигата на шампионите по пауза од девет години кога успеаја подоцна да дојдат и до историскиот пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Сега, ако во Финска македонскиот шампион не ја надополни негативата ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига.





















