Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Колумбиските навивачи го провоцираа Џака со српско знаме, детаљот не помина незабележано

Швајцарската репрезентација е последниот патник во четвртфиналето на Светското првенство, откако по изведувањето пенали ја елиминираше Колумбија. По 120 минути без голови во Атланта, победникот беше решен од белата точка, каде Швајцарците беа посмирени, со што славеа и обезбедија дуел против Аргентина.

Сепак, покрај големата спортска драма, еден детаљ од трибините привлече посебно внимание. За време на пенал-серијата, зад голот кон кој шутираа фудбалерите се појави знамето на Србија.

Најголемиот обожавател на Кристијано Роналдо тврди дека тој бил заслужен што Меси го промаши пеналот

На социјалните мрежи веднаш започнаа реакции, а дел од корисниците го протолкуваа појавувањето на српското знаме како провокација кон швајцарската репрезентација, особено поради тензиите поврзани со Гранит Џака и репрезентацијата на Швајцарија.

Сепак, самиот момент не предизвика поголеми реакции на стадионот. Фудбалерите и стручниот штаб на Швајцарија беа целосно фокусирани на пеналите, а вниманието беше насочено кон борбата за последното место во четвртфиналето.

Познати четвртфиналните парови на Светското првенство

На крајот, Швајцарија излезе како победник во пенал-рулетот, а освен историскиот пласман меѓу осумте најдобри, токму детаљот од трибините остана една од темите по натпреварот.

Швајцарците сега ги очекува најголемиот предизвик – четвртфинален дуел против актуелниот светски шампион Аргентина.

Мурат Јакин по драмата со Колумбија: Имавме план, но и малку среќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот