Даниела Димовска, Кривичен суд / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Даниела Димовска е нова претседателка на скопскиот Кривичен суд, одлучи Судскиот совет

Членовите на Судскиот совет со 11 гласа „за“ на денешната седница ја избраа Даниела Димовска за претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Таа доби и четири гласа „за“ при гласањето според Бадентеровото начело.

Одлуката е донесена по спроведена постапка по јавен оглас, на кој апликации доставиле двајца кандидати – Даниела Димовска, судија и вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд Скопје, и Ивица Стефановски, судија во истиот суд.

Претседателот на Комисијата за избор, Ивица Николовски, информираше дека двете пријави биле уредни и кандидатите ги поминале предвидените тестирања и интервјуа. По усвојувањето на извештајот и спроведеното гласање, за претседател е избрана Димовска.

Димовска пред една година беше избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Претходно беше судија во Одделението за организиран криминал и корупција при истиот суд.

Судијата Савески со жестока порака до Димовска за изборот на ВД претседател – Кој ви даде право во наше име да кршите Закон?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот