Девизните резерви на Македонија близу пет милијарди евра, најмногу пари се вложени во хартии од вредност

Официјалните девизни резерви на Македонија на крајот на јуни 2026 година достигнаа 4,936 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Најголемиот дел од резервите, односно 73,8 проценти, се инвестирани во хартии од вредност, додека 15,8 проценти се чуваат во монетарно злато. Останатите 10,4 проценти се распределени во валути и депозити, кои обезбедуваат ликвидност и стабилност на девизните средства.

Податоците покажуваат дека девизните резерви и натаму се задржуваат на високо ниво, што претставува важен показател за стабилноста на финансискиот систем и способноста на државата да одговори на надворешни економски шокови.

Според графичкиот приказ на Народната банка, по рекордните нивоа во првите месеци од 2026 година, резервите во јуни бележат благо намалување, но и понатаму остануваат близу границата од пет милијарди евра.

Девизните резерви претставуваат еден од клучните механизми за одржување на стабилноста на националната валута, навремено сервисирање на меѓународните обврски и зачувување на довербата во домашната економија.

Ќе плаќаме за неколку секунди и дење и ноќе — Народната банка најавува големи промени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот