Министерство за финансии - табла / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Државата пушти 2,4 милиони евра за поддршка на инвестиции

Нови 2,4 милиони евра се насочени кон домашниот бизнис-сектор. Министерството за финансии изврши трансфер на 148,6 милиони денари кон Развојната банка, средства што ќе бидат искористени за поддршка на инвестициите на македонските компании. Со последната уплата, вкупната вредност на средствата што се пласирани во економијата достигна 14,5 милијарди денари, односно 235,8 милиони евра.

Државната програма за поддршка на домашните компании предвидува вкупен буџет од 250 милиони евра, а според проценките, овие средства треба да придонесат за инвестициски циклус вреден околу 300 милиони евра. Финансиската поддршка е наменета за компании кои сакаат да реализираат нови инвестиции, да го прошират производството и да го забрзаат својот развој.

Кредитите до крајните корисници ќе се пласираат преку деловните банки со поволни услови – фиксна каматна стапка од 1,95 проценти годишно, период на отплата до 15 години и грејс период до три години. Од Министерството за финансии посочуваат дека целта е преку овие средства да се стимулира приватната иницијатива, да се отворат нови можности за компаниите и да се даде дополнителен поттик на економскиот раст.

Автомобилот е ваш и кога е на лизинг, со него не располага компанијата на која ѝ го плаќате

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот