Фото: Фејсбук / илустрација

Во пожар изгореа два хектари пченица кај Новаци

Два хектара нива со пченица изгореле во пожар што избувнал во атарот на општина Новаци, информираат од битолската полиција.

„На 7 јули околу 15:00 часот, во СВР Битола било пријавено дека на месноста „Трансформатор“, во атарот на село Новаци, биле опожарени два хектара земјоделска површина со пченица, сопственост на А.П. (53) од селото Горно Агларци. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица Битола, а во инцидентот нема повредени лица“ соопшти СВР Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола, која ги утврдува причините за избувнувањето на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот