Фото: илустрација / Wikimedia Commons

Познато е од што починала младата Македонка во Грција, но истрагата сè уште трае

Првичните наоди од обдукцијата за смртта на 24-годишната девојка од Македонија, која беше пронајдена почината во стан во Солун, засега не покажуваат дека се работи за насилна смрт или извршено кривично дело. Според грчките медиуми, наодите покажале дека младата Македонка починала од патолошки причини, односно смрт предизвикана од болест или природен процес во организмот, објави грчкиот портал „Тестивал“

Сè уште се чекаат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни одговори и да ја утврдат точната причина за смртта.

Дваесет и четиригодишната девојка, која неофицијално е од Прилеп, претходно била пријавена за исчезната откако нејзиното семејство не успеало да воспостави контакт со неа. По потрагата, таа била пронајдена без знаци на живот во стан во солунската населба Сикиес.

И покрај првичните наоди, истрагата продолжува, а надлежните служби ги проверуваат сите околности поврзани со случајот до добивањето на конечните резултати од токсиколошките испитувања.

Девојка за која се претпоставува дека е од Македонија е пронајдена мртва во Солун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот