Камионџија осуден на 10 години затвор откако усмрти девојче во Бугарија
Суд во Велико Трново осуди турски возач на камион на 10 години затвор поради сообраќајна несреќа во која загина деветгодишно бугарско девојче, а неговите родители беа тешко повредени, објави „Новините“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Пресудата беше донесена шест месеци по несреќата, во која животот го загуби деветгодишната Криси, откако тешкиот камион удрил во автомобилот во кој се возело семејството.
Несреќата се случила на 25 јануари во реонот на Мишеморков Хан, во близина на Велико Трново.
Според обвинението на Окружното обвинителство во Велико Трново, 65-годишниот турски државјанин Сутан Т. управувал камион со полуприколка кога ја изгубил контролата врз возилото, преминал на спротивната коловозна лента и удрил во автомобилот.
По несреќата, возачот на камионот првично го напуштил местото, но подоцна бил пронајден и уапсен. Тој останал во притвор во текот на целата судска постапка.
Случајот бил разгледан во скратена постапка, врз основа на обвинението дека возачот предизвикал особено тешка сообраќајна несреќа со прекршување на сообраќајните правила.
Адвокатите на семејството на жртвата побарале максимална казна од 20 години затвор, оценувајќи дека околностите на несреќата ја оправдуваат најстрогата санкција.
Тие тврделе дека возачот игнорирал повеќе сообраќајни знаци и не ги почитувал правилата пред судирот.
„Ова е единствената правична казна“, истакнале претставниците на семејството пред судот.
За време на рочиштето било наведено и дека делото било извршено од небрежност и со висок степен на несовесност.
Обвинителството побарало судот да го прогласи обвинетиот за виновен и покрај затворската казна да му изрече и забрана за управување со моторни возила.
Одбраната, пак, тврдеше дека одговорност за несреќата треба да сноси и возачот на автомобилот во кој се возело семејството.
Адвокатите наведоа дека автомобилот се движел со преголема брзина и дека патниците не биле врзани со сигурносни појаси.
Судот, сепак, утврди дека турскиот возач е одговорен за смртоносната несреќа и го осуди на 10 години затвор.
Камион управуван од македонски државјанин се превртел на автопат во Бугарија


