Камион управуван од македонски државјанин се превртел на автопат во Бугарија

сообраќајка автобус бугарија
Фото: МИА

Камион управуван од државјанин на Северна Македонија синоќа се превртел на автопатот „Тракија” во правец кон Софија.

Сигналот бил примен околу 20.30 часот во регионалната дирекција на МВР во Пазарџик, јави БНТ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на настанот се испратени тимови на сообраќајната полиција, противпожарната бригада и екипи на брза помош.

Македонскиот возач е пренесен во болницата во Пазарџик. Засега нема други информации за здравствената состојба на возачот.

Камионот превезувал ѓубриво, кое било расфрлено на коловозот и преземени се мерки за негово расчистување.

Сообраќајот не е во прекин, го регулира сообраќајната полиција. Увидот е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот