Драма во Конго: вооружена банда упадна во болница и киднапираше дете заразено со ебола
Властите во источниот дел на Демократска Република Конго започнаа масовна потрага по шестгодишно девојче заболено од ебола и по неговата мајка, откако вооружени мажи извршиле брутален упад во болницата во која се лекувало детето, пишува Би-би-си.
Препорачано
Локалниот здравствен функционер, д-р Лубамбо Мабоко Гастон, соопшти дека напаѓачите, вооружени со ножеви и видливо бесни, насилно го извеле девојчето од болницата „Ванамахика“ во градот Бутембо.
Гастон упати итен апел до мајката да го врати детето во медицинската установа, предупредувајќи дека сурово ризикуваат драстично влошување на здравствената состојба, но и масовно инфицирање на сопственото семејство и околината.
Овој инцидент е последица на длабоко вкоренета недоверба, паника и теории на заговор што ја следат актуелната епидемија, во која веќе се потврдени 840 случаи и речиси 200 смртни исходи.
Нападите врз изолациските центри станаа чести. Минатиот месец полицијата во Монгбвалу била принудена да пука во воздух кога гневна толпа се обидела да ги земе телата на починатите роднини, додека во градот Рвампара демонстранти запалиле болнички шатори.
Како што за Би-би-си објаснува локалниот политичар Лук Малембе, населението во оддалечените области верува дека еболата е измислица на странци, односно дека болниците и невладините организации ја лажираат болеста за да заработат пари.
Она што ја прави ситуацијата драматична е фактот дека сегашниот бран на заразата е предизвикан од редок и исклучително опасен вид на вирусот познат како Бундибуѓо.
За овој специфичен вид ебола во моментов не постои важечка вакцина, а Светската здравствена организација напоменува дека за развој и тестирање ефикасна вакцина би можеле да поминат месеци.
Фудбалерите на ДР Конго во карантин поради ебола, па на мегдан против Португалија


