Фото: EPA/JALAL MORCHIDI

Фудбалерите на ДР Конго во карантин поради ебола, па на мегдан против Португалија

Фудбалерите на Демократска Република Конго ги продолжија подготовките во Хјустон пред нивниот прв натпревар на Светското првенство, на кој ќе се соочат со Португалија во групата К на 17 јуни.

Африканската репрезентација пристигна во Соединетите Држави дури во четврток, откако помина три недели во изолација во Европа поради епидемијата на ебола во нивната земја.

Сепак, играчот од средниот ред Самуел Мутусами нагласува дека карантинот немал никакви последици за тимот.

– Подготовките беа многу добри. Не нè попречија на никаков начин. Работевме многу добро во Европа, сè беше во најдобар ред. Одигравме добри и тешки натпревари за да се подготвиме за овој голем меч. Целиот тим се чувствува многу добро и веруваме дека можеме да одиграме квалитетен натпревар против еден од најдобрите тимови во светот. Задоволство ни е што играме ваков натпревар. Добро сме подготвени и ќе одиграме добар натпревар – рече Мутусами.

Тој зборуваше и за временските услови во Тексас.

– Имаме многу добри услови. Времето е пријатно, иако малку потопло, но исто беше и кога бевме во Шпанија, па затоа сме подготвени – вели Мутусами.

Португалија се смета за фаворит во групата, но африканскиот тим верува дека може да остави добар впечаток.

– Ќе одиме натпревар по натпревар и ќе се обидеме да постигнеме најдобри можни резултати. Секако дека имаме наши цели, но нема да ги откриваме. Сакаме да му покажеме на светот дека сме добар тим и дека можеме да играме на високо ниво – се зборовите на Мутусами.

Пред почетокот на тренингот, тимот на ДР Конго му ја отпеа и песната „Среќен роденден“ на претседателот на земјата Феликс Чисекеди, кој во саботата наполни 63 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот