Фото: EPA/NECATI SAVAS

Четири члена на иранската делегација добија визи за САД, 11 им беа одбиени

На четири члена на иранската делегација конечно им беше одобрен влез во Соединетите Американски Држави. Нивните жалби против претходно одбиените визи беа уважени, пренесува „Би-би-си спорт“. Сепак, дури 11 члена на делегацијата нема да можат да дојдат во Америка.

Пред една недела, Иранската фудбалска федерација упати нови обвинувања против еден од трите домаќини, Соединетите Американски Држави. Иранците тврдат дека Американците не им дозволуваат на клучните членови на делегацијата да влезат во земјата.

Од 15 члена на делегацијата на кои им беа одбиени визи, 10 поднесоа нови барања по пристигнувањето во Мексико, каде што Иран го пресели својот камп.

Четири од нив добија визи во процесот на жалба, вклучувајќи аналитичар од стручниот штаб и двајца вработени во Иранската фудбалска федерација. Останатите шест барања повторно беа одбиени.

Меѓу оние што се одбиени по втор пат се претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, еден од неговите потпретседатели, двајца административни службеници одговорни за секојдневното работење на тимот, портпарол и службеник за обезбедување. Дополнително уште еден од портпаролите поднесе ново барање.

Дали ќе бидат прифатени нови жалби, останува да се види. Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА, не го ограничува бројот на членови на делегацијата, но ги покрива трошоците за вкупно 50 лица.

Фудбалската репрезентација на Иран ќе го игра својот прв натпревар на Мундијалот против Нов Зеланд на 15 јуни во Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот