Раде Богдановиќ: Срамота за фудбалот е што Роналдо игра на Светското првенство
Поранешниот српски фудбалер и аналитичар, Раде Богдановиќ кој е познат по своите директни и безкомпромисни ставови сега зборуваше за Португалија и Кристијано Роналдо за кого истакна дека воопшто не треба да биде дел од Светското првенство.
Препорачано
„За фудбалот е срамота што Роналдо настапува на Светско првенство. Делува како играч кој едвај се движи по теренот“, изјави Богдановиќ.
Според него, статусот на Роналдо во репрезентацијата се должи исклучиво на неговото име и влијанието што го има надвор од теренот.
„Го задржаа поради неговото име, маркетингот и интересите околу репрезентацијата. Да бев на негово место, ќе ми беше непријатно“, рече Богдановиќ, додавајќи дека легендарниот напаѓач изгледа како играч кој одамна требало да ја заврши репрезентативната кариера.
Тој смета дека присуството на Роналдо им ја одзема можноста на помладите фудбалери да добијат простор и минутажа на најголемата сцена.
„Со сета почит кон сè што постигнал, неговото место можеби треба да му припадне на некој млад играч кој допрва треба да се докажува“, порача Богдановиќ.
На удар на критиките се најде и селекторот на Португалија, Роберто Мартинез. Богдановиќ смета дека шпанскиот стратег нема доволен авторитет во соблекувалната и дека тоа може да се одрази врз резултатите на репрезентацијата.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови
ВИДЕО | Роналдо немаше своја вечер, Португалија подобра од Нигерија
ФОТО | Американците во преносите од Мундијалот ги учеа гледачите што е црвен картон


