Логото на социјалната мрежа Фејсбук / Фото: Pexels

Паднаа „Инстаграм“ и „Фејсбук“, илјадници корисници ширум светот пријавија проблеми

Корисници ширум светот денеска се соочија со проблеми при користењето на социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“, откако двете платформи престанаа да функционираат нормално во попладневните часови.

Според податоците на платформата „Даун Детектор“, прекинот започнал околу 15.36 часот по македонско време, а за кратко време биле регистрирани повеќе од 3.000 пријави од корисници.

Најголем дел од корисниците на „Инстаграм“, односно 68 проценти од оние што пријавиле проблем, навеле дека апликацијата не работи правилно. Дополнителни 12 проценти изјавиле дека не можат да се најават на своите профили, додека 10 проценти се пожалиле на проблеми со поврзувањето со серверите.

Проблемите не ги зафатија само мобилните апликации. Корисниците кои се обидувале да пристапат до платформите преку компјутер добивале порака дека страницата не е достапна.

Во меѓувреме, стотици корисници своето незадоволство и коментари ги споделија на социјалната мрежа „Икс“, каде што брзо почнаа да се шират објави за прекинот на работата на „Инстаграм“ и „Фејсбук“.

Засега нема официјално соопштение од компанијата „Мета“ за причините за прекинот, ниту пак е познато кога услугите ќе бидат целосно нормализирани.

Воајеризам или слобода? Конечно можеме анонимно да ги гледаме „приказните“ на Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот