Фото: EPA/Marco van der Caaij

Курасао дебитира на Мундијалот: Не сме само мал остров, ќе го изненадиме целиот свет

Фудбалската репрезентација на Курасао за првпат во својата историја ќе игра на Светското првенство, а според многумина е веќе хит уште пред првиот натпревар. Самиот факт што оваа мала земја успеа да се квалификува за Мундијалот едноставно им се допадна на сите.

И потоа ги гледавме играчите како пристигнуваат на натпреварите со училишен автобус, со денови ги гледавме насмеани, танцуваат, пеат и едноставно ги бодрат сите што ги среќаваат. Но, време е да се оценат сериозно – во недела ќе го играат својот прв натпревар и играат против Германија, која е апсолутен фаворит.

Сепак, играчот од средниот ред Ливано Комененсија вели дека Курасао не е без причина на Светското првенство.

– Постои причина зошто сме тука, не дојдовме само да играме три натпревари. Тука сме за да победиме, секако. И да, секако, натпреварот против Германија ќе биде тежок, тие се голема земја. Но, ќе покажеме што можеме и ќе покажеме дека имаме квалитет. Ќе го изненадиме целиот свет. Имам огромна доверба во моите соиграчи и знам дека сите имаат одличен квалитет. Не сме само мал остров, знаеме како да играме фудбал. Имаме добри играчи и им верувам на сите. Ова е најголемата фаза во фудбалот, логично е дека ќе има нервоза, но само добра енергија, мислам. И мислам дека, кога судијата ќе даде знак за почеток, сите ќе бидеме фокусирани да си помагаме едни на други и мислам дека ќе одиграме одличен натпревар – рече Коменансија на прес-конференција.

Селекторот на репрезентацијата е Дик Адвокат, кој е најстариот селектор на Светското првенство со 78 години.

Натпреварот Германија-Курасао ќе се игра во недела од 19.00 часот во Хјустон, Тексас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот