Фото: EPA/ALEJANDRO GARCIA

Барселона и Фуксе Берлин за титулата во ракометната ЛШ

Ракометарите на Барселона ќе играат во финалето на ЕХФ Лигата на шампионите против Фуксе Берлин. Во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Келн, Германија, Барселона го елиминираше данскиот Алборг со 37:32 во драматичен натпревар по продолженијата.

Шпанскиот гигант доминираше во поголемиот дел од натпреварот и водеше, но на минута и пол до крајот на мечот, Алборг израмни откако беше во негатива речиси 50 минути. Данците имаа напад и за победа, но не го искористија.

Барселона одигра многу подобро во продолжението и стигнаа до триумфот за кој најзаслужен беше Алеиш Гомез со осум гола, додека Луис Фраде постигна седум. Емил Нилсен беше одличен на голот со 18 одбрани.

Александер Блонц и Томас Арнолдсен беа најдобри за Алборг со по пет погодоци.

В недела од 15.00 часот за третото место ќе играат Магдебург и Алборг, а од 18.00 часот е финалето меѓу Фуксе Берлин и Барселона.

Барселона, која е најтрофејна во елитното европско клупско натпреварување, ќе ја брка својата 13 титула, додека Фуксе Берлин ќе го игра само своето второ финале по ред. Германскиот клуб лани загуби во борбата за трофејот од Магдебург со 32:26.

Последен пат Барселона играше во финалето во сезоната 2023/24 кога славеше против Алборг со 31:30.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот