Крузер - Фото: Рexels-jose-parra

ВИДЕО | Дала отказ за да го прошета светот – една работа околу трошоците најмногу ја изненадила

Американката Линел, креаторка на содржини и авторка на јутјуб-каналот „Од сиромаштија до рај“ (Poverty to Paradise), одлучила да ја напушти работата во компанијата каде била вработена и да живее според сопствени правила, патувајќи низ светот. Во едно од своите видеа таа детално ги претставила трошоците за април, месец во кој поминала 23 дена на крузери и седум ноќи во хотели. Вкупните месечни трошоци, според нејзината пресметка, изнесувале 2.721 американски долар, пренесува „Нова“.

Линел објаснила дека најголемиот дел од април го минала на крузери на компанијата „Ројал Карибијан“. За 23 дена поминати на брод, таа платила вкупно 799 долари. Во сумата биле вклучени бакшишот и другите дополнителни трошоци поврзани со крстарењето. Според неа, програмата за лојалност поврзана со казиното на компанијата ѝ овозможила да добие одредени кредити и поволности на бродот, со што значително ги намалила трошоците.

Најинтересна е споредбата со хотелското сместување. За седум ноќевања во хотели, Линел платила 915 долари – повеќе отколку за 23 дена поминати на крузер.

Летовите и хотелите значително ја зголемиле сметката

Во текот на месецот таа престојувала една ноќ во Балтимор и шест ноќи во Рим. Иако користела програма за лојалност на хотелски синџир, трошоците за сместување останале повисоки од оние за повеќенеделниот престој на брод. Дополнително, за авионски билети потрошила 825 долари, најмногу за летот од Балтимор до Рим.

Трошоците за храна изнесувале 183 долари, а најголемиот дел од нив биле направени додека престојувала во хотели или чекала на аеродроми.

Патничкото осигурување било една од најголемите ставки

Значителен дел од буџетот отишол и за патничко осигурување. Само за оваа намена Линел издвоила 510 долари во текот на месецот. Кога ќе се соберат сите главни трошоци – крстарења, хотели, превоз, храна и осигурување вкупната сума достигнала 2.721 долар.

Месечен приход од над 5.000 долари

Линел открила дека нејзиниот месечен приход изнесува околу 5.100 долари. Средствата ги обезбедува од повеќе извори, меѓу кои приход од реклами на платформата за видеосодржини, партнерски провизии и продажба на онлајн курсеви.

Ваквиот начин на живот не е за секого

Таа нагласува дека во пресметката не се вклучени променливи трошоци како медицинска грижа, мобилни услуги, претплати за дигитални платформи и други лични расходи.

Нејзиниот пример покажува дека со внимателно планирање, користење програми за лојалност и искористување на различни поволности, животот во постојано движење може да биде поевтин отколку што многумина претпоставуваат.

Сепак, Линел посочува дека овие бројки се однесуваат на конкретен месец и на специфични услови што таа ги искористила, па затоа не можат да се сметаат за правило за сите што размислуваат за живот на крузери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот