Пациент заразен со ебола пристигна во Европа
Пациентот бил пренесен во Берлин со специјален медицински авион, а потоа со посебно дизајнирано возило, со полициска придружба, бил однесен во болницата.
Американски лекар заразен со вирусот ебола во Конго во раните утрински часови денеска бил примен во берлинската болница „Шарите“, објави „Дојче веле“.
Препорачано
Германското Министерство за здравство го прифатило барањето од САД пациентот да биде лекуван во Германија, наместо во САД, поради пократкото време на патување од Уганда и искуството на болницата „Шарите“ во справување со случаи на ебола.
Пациентот бил пренесен во Берлин со специјален медицински авион, а потоа со посебно дизајнирано возило, со полициска придружба, бил однесен во болницата.
Во Германија биле пренесени и шестмина луѓе со кои заразениот маж имал контакт.
Германското Министерство за здравство ја уверува јавноста дека нема опасност смртоносниот вирус да се прошири меѓу населението.
Еболата во Конго и Уганда се ширела со недели пред здравствените власти да го вклучат алармот
Болницата „Шарите“ е специјализирана за лекување вакви случаи, а пациентот е сместен во целосно изолиран оддел, одвоен од остатокот од клиниката.
Еболата се шири преку директен контакт со заразени луѓе или со нивни телесни течности. Најчесто почнува со симптоми слични на грип или дијареја, пред состојбата да се влоши. Крајната причина за смрт најчесто е откажување на повеќе органи.
Според германското Министерство за здравство, сепак, стапката на смртност со современ третман и специјалистички надзор во клиника како берлинската „Шарите“ се намалува од околу 60 проценти на 20 до 30 проценти.
Епидемија на ебола го погоди Конго — 65 луѓе го загубија животот, 246 случаи се сомнителни


