Фото: илустрација / EPA-EFE/AHMED JALLANZO

Еболата во Конго и Уганда се ширела со недели пред здравствените власти да го вклучат алармот

Жариштето на ебола во Демократска Република Конго и Уганда најверојатно се ширело со недели пред здравствените власти официјално да го откријат, пишува „Гардијан“.

Најраниот познат сомнителен случај бил 59-годишен маж кој развил симптоми на 24 април и починал три дена подоцна.

Здравствените власти биле алармирани дури на 5 мај, откако информации за можните случаи се појавиле на социјалните мрежи. До тој момент, според Африканскиот центар за контрола и превенција на болести, веќе починале околу 50 лица.

Светската здравствена организација (СЗО) потоа прогласи јавно-здравствена вонредна состојба од меѓународно значење и повика на засилени мерки за спречување на ширењето.

Досега се регистрирани 246 сомнителни случаи и 88 смртни случаи. Случаите прво се појавиле во провинцијата Итури, во источниот дел на Демократска Република Конго, но потврдени се и во соседна Уганда.

Експертите предупредуваат дека доцното откривање му дало време на вирусот да се прошири, што го отежнува следењето на контактите и изолацијата на заразените.

Дополнителен проблем е што станува збор за редок сој на ебола наречен Бундибуџо, за кој нема одобрена вакцина. Постоечката вакцина против ебола не е соодветна за овој тип вирус.

Еболата е опасна и често смртоносна болест која се пренесува преку телесни течности. Симптомите вклучуваат треска, замор, болки во мускулите, повраќање, дијареја и крварење.

Контролата на ширењето дополнително ја отежнува конфликтот во источниот дел на Конго, каде здравствените установи и претходно биле цел на напади.

СЗО предупредува дека вистинскиот број на заразени и географското ширење на заразата сè уште не се јасни, па постои можност бројките да бидат поголеми од официјално регистрираните.

 

Епидемија на ебола го погоди Конго — 65 луѓе го загубија животот, 246 случаи се сомнителни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот