Епидемија на ебола го погоди Конго — 65 луѓе го загубија животот, 246 случаи се сомнителни
Научниците се обидуваат да утврдат точно кој вирус ја предизвикува сегашната епидемија во Конго. Вирусот ебола, познат и како сојот Заир, беше доминантен во претходните епидемии во Конго. Досегашните резултати сугерираат дека можеби станува збор за варијанта различна од сојот Заир, а секвенционирањето продолжува за да се добие појасна слика.
Нова епидемија на ебола денеска е потврдена во оддалечената провинција Итури во Конго, каде што досега се регистрирани 246 сомнителни случаи и 65 смртни случаи, објави „Асошиејтед прес“.
Препорачано
Соседна Уганда подоцна потврди еден смртен случај од ебола, за кој соопшти дека бил увезен од Конго.
Смртните и сомнителните случаи се регистрирани главно во здравствените зони Монгвалу и Рвампара, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Агенцијата наведе дека 65 смртни случаи се припишуваат на епидемијата, а четири од нив досега се лабораториски потврдени.
Еболата е многу заразна и може да се пренесе преку телесни течности, како повраќаница, крв или сперма. Болеста што ја предизвикува е ретка, но тешка и честопати смртоносна.
Научниците се обидуваат да утврдат точно кој вирус ја предизвикува сегашната епидемија во Конго. Вирусот ебола, познат и како сојот Заир, беше доминантен во претходните епидемии во Конго. Досегашните резултати сугерираат дека можеби станува збор за варијанта различна од сојот Заир, а секвенционирањето продолжува за да се добие појасна слика.
Беснило, птичји грип, ебола… Најсмртоносните вируси кои се сè уште присутни на планетава
Светската здравствена организација наведува дека болеста ебола ја предизвикува група вируси, од кои три се познати по тоа што можат да предизвикаат големи епидемии: вирусот ебола, суданскиот вирус и вирусот Бундибуџо.
Уганда денеска пријави еден случај на ебола кај маж од Конго, кој бил примен во болница во Кампала три дена пред да почине. Официјалните лица соопштија дека случајот е „увезен“ од Конго и дека Уганда засега нема потврден локален случај.
Во Уганда е потврден еден смртен случај од ебола кај пациент кој пристигнал од Конго, по што сите негови контакти биле ставени во карантин, а телото било вратено во Конго. Станува збор за инфекција со вирусот Бундибуџо, варијанта против која вакцината Ервебо не е ефикасна, бидејќи таа штити од сојот Заир.
СЗО веќе испратила тим во Конго за да помогне во истрагата и собирањето примероци, а ќе одвои и 500.000 долари за поддршка.
Епидемијата е регистрирана во оддалечената провинција Итури, блиску до границите со Уганда и со Јужен Судан, што го зголемува ризикот од ширење поради движењето на населението, рударската мобилност, небезбедност и тешка контрола на контактите. Ова е 17-та епидемија на ебола во Конго од 1976 година.
Медицинска сестра во Уганда почина од ебола, прв случај од 2022 година


