Лионел Меси EPA/JEFFREY MCWHORTER

Тиери Анри за Меси: Кога ќе се налути, никој не може да го запре

Лионел Меси не е фудбалер кој лесно се провоцира, но кога ќе се случи тоа – реакцијата може да биде разорна. Таква приказна откри легендарниот француски напаѓач Тиери Анри, кој се присети на периодот кога заедно играа во Барселона.

Во разговор за шпанска „Марка“, Анри зборуваше за неверојатниот натпреварувачки карактер на аргентинската легенда и откри дека уште на тренинзите се гледало дека Меси е поинаков од останатите.

Според Анри, доколку некој на тренинг го фаулирал, а ситуацијата не била санкционирана, Меси не се расправал. Само молчел, ја земал топката и сам тргнувал во напад.

Најголемиот обожавател на Кристијано Роналдо тврди дека тој бил заслужен што Меси го промаши пеналот

„Понекогаш, на тренинг, кога играше на скратено поле, некој ќе го фаулираше, а тренерот не би досудил фаул. Лео едноставно ќе замолчеше. Потоа ќе отидеше кај својот голман и ќе му речеше „Дај ми ја топката“. Голманот ќе му ја фрлеше топката, а Лео ќе трчаше низ целиот терен, ќе дриблаше покрај сите играчи и ќе постигнеше гол. Тој буквално ќе поминеше низ сите нас само за да го добие своето“, изјави Анри.

Анри признава дека тогаш сфатил дека Меси не е обичен фудбалер, туку играч со посебен менталитет.

Пораката до дефанзивците, според легендарниот напаѓач, е едноставна – никогаш не го провоцирај Меси. Затоа што кога ќе се разбуди неговиот инает, тој не станува послаб, туку уште поопасен.

„Во тие моменти ќе го погледнев Пујол и ќе речев „Добро, овој човек е едноставно различен“. Сфатив едно нешто: кога играш против него, никогаш, ама баш никогаш не го провоцирај. Не го удрај, не му зборувај. Бидејќи кога го нервираш, тој не станува полош – станува смртоносен!“, заврши Анри.

Трка за Златната копачка: Меси на врвот со осум голови, по седум имаат Мбапе и Халанд

Енцо Фернандез со гол за историја: Аргентинецот го постигна 3000. гол на мундијалите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот