Фото: mkd.basketball/

Словачка е првиот ривал на младинците на Европското кошаркарско првенство Дивизија Б

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија „Под 20“ години денеска отпатува за Братислава, каде од 10 до 19 јули ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата „Б“. На шампионатот во главниот град на Словачка ќе учествуваат вкупно 21 национална селекција, а најдобрите три репрезентации ќе обезбедат пласман во елитната, „А“ дивизија.

Македонија ќе настапува во групата „А“, заедно со домаќинот Словачка, како и селекциите на Ирска, Шведска и Азербејџан.

Избраниците на селекторот Никола Велев зад себе имаат речиси едномесечен подготвителен период, заедно со асистентите Предраг Самарџиски и Марко Докузовски, го одреди конечниот список од 12 кошаркари кои ќе го претставуваат македонскиот дрес на Европското првенство.

Селекциите се поделени во четири групи (три со пет, и една со шест) од кои првопласираните две од секоја група ќе обезбедат пласман во ТОП 8 фазата, односно онаа преку која ќе се бараат идните учесници на ЕП од Дивизијата „А“ во оваа возрасна категорија. Во вториот дел кој почнува на 17 јули, ќе се играат елиминациски натпревари според системот (А1-Б2, Д1-Ц2, Б1-А2, Ц1-Д2). Четирите победници во четвртфиналето, обезбедуваат пласман во полуфиналето, поразените ќе разигруваат за пласман од петтото до осмото место.

МАКЕДОНИЈА „ПОД 20“ НА ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ ВО БРАТИСЛАВА: Даниел Бутемер, Даријан Димовски, Давид Петрушевски, Сергеј Младеновски, Коста Ќириловски, Амар Грбовиќ, Атанасиј Трајанов, Бојан Димитриев, Марко Луканоски, Сергеј Петровиќ, Андреј Чадамов, Лука Марјановиќ.

Првиот меч младинците на овој евро-шампионат ќе го имаат на 10 јули (петок), од 18.00 часот, кога во „ГОПАСС“ Арената во Братислава против Словачка.

ЕП Дивизија Б („Под 20“)

ГРУПА А: МАКЕДОНИЈА, Ирска, Шведска, Словачка, Азербејџан
ГРУПА Б: Естонија, Швајцарија, Грузија, Украина, Луксембург

ГРУПА Ц: Косово, Португалија, Ерменија, Исланд, БиХ, Кипар
ГРУПА Д: Бугарија, Унгарија, Албанија, Холандија, Данска

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГРУПА А

10. ЈУЛИ (ПЕТОК)
18.00: МАКЕДОНИЈА – Словачка

13. ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК) – СЛОБОДЕН ДЕН

14.ЈУЛИ (ВТОРНИК)
13.30: Шведска – МАКЕДОНИЈА

15.ЈУЛИ (СРЕДА)
21.00: Азербејџан – МАКЕДОНИЈА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот