Фото: EPA/GREG M. COOPER

Норвешка e најголем добитник на ФИФА ранг-листата по осминафиналето на Светското првенство

Завршувањето на осминафиналната фаза на Светското првенство донесе и ново рангирање на ФИФА, а најголем победник е репрезентацијата на Норвешка.

Предводени од Ерлинг Халанд, Норвежаните продолжија да го привлекуваат вниманието со своите одлични настапи, а победата над Бразил со 2:1 им донесе голем бодовен напредок и скок на 19-тото место во светот.

Ова е првпат по подолг период Норвешка да се најде меѓу најдобрите 20 селекции на планетата. Тимот направи скок од дури 12 позиции од почетокот на Мундијалот, откако турнирот го започна на 31-вото место.

Меси комбинира два рекорда — најдобар стрелец, но и најлош пеналџија на мундијалите

Значаен напредок забележа и Белгија. По убедливата победа над САД со 4:1, „црвените ѓаволи“ собраа доволно бодови за да ја прескокнат Холандија и да се искачат на осмата позиција.

Напредуваа и четвртфиналистите Англија и Шпанија. Англичаните добија дополнителни бодови по победата над Мексико со 3:2, додека Шпанците го наградија својот триумф над Португалија со 1:0.

Енцо Фернандез со гол за историја: Аргентинецот го постигна 3000. гол на мундијалите

Од друга страна, некои селекции забележаа пад. Германија и Хрватска назадуваа по две места и сега се на 12-тата, односно 13-тата позиција.

На врвот нема промени. Франција останува лидер со 1.925,86 поени, но светскиот шампион Аргентина се доближи и сега заостанува само 0,71 поен. Шпанија е трета, Англија четврта, а Бразил ја задржа петтата позиција.

Меѓутоа, позицијата на Бразил би можела да биде загрозена доколку Мароко приреди изненадување во четвртфиналето против Франција.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Халанд ги превесла „кариоките“, Англија го преживеа пеколот на „Ацтека“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот