Илустрација - патници во авион / Фото: Unsplash

Патувате со авион? ЕУ воведе правила што ќе ви заштедат пари и нерви

Европскиот парламент даде зелено светло за најголемата реформа на правата на авионските патници во последните две децении. Новите правила, кои беа усвоени со убедливо мнозинство од 646 гласа, предвидуваат поголема заштита на патниците, бесплатни соседни седишта за родители и деца, како и целосна транспарентност на цените при купување авионски билети – пишува

Една од најважните новини е што авиокомпаниите повеќе нема да смеат да наплаќаат дополнително ако родител или придружник сака да седи веднаш до дете помладо од 14 години. Со ова се става крај на практиката семејствата да бидат разделувани освен ако не платат за избор на седишта.

Реформата носи и поголема транспарентност при купувањето билети. Авиопревозниците и платформите за резервации ќе мора однапред јасно да ја прикажат конечната цена на билетот, со прецизно наведување што е вклучено, а што се наплаќа дополнително. Така патниците повеќе нема да бидат изненадени од скриени трошоци во последниот чекор од резервацијата.

Правилата за обесштетување при доцнење на летовите остануваат непроменети. Патниците ќе имаат право на надомест ако летот доцни три или повеќе часа по вина на авиокомпанијата. Надоместокот ќе изнесува 250 евра за летови до 1.500 километри, 400 евра за летови до 3.500 километри и 600 евра за подолги летови. Истите правила ќе важат и за летови што се откажани помалку од две недели пред полетувањето.

Дополнително, авиокомпаниите ќе бидат обврзани во рок од четири дена по пристигнувањето да ги информираат патниците за нивните права и начинот на поднесување барање за компензација. По добивањето на барањето, превозникот ќе има најмногу 30 дена да ја исплати сумата или писмено да го образложи евентуалното одбивање.

Новите правила ќе стапат во сила по конечната потврда од Советот на Европската Унија, а авиокомпаниите ќе имаат една година да ги усогласат своите политики со новата регулатива.

Нулта толеранција за несоодветно однесување на патниците во авионот

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот