Фото: Принтскрин / Икс

ВИДЕО | Русија ги нападна Киев и Харков — загинаа тројца луѓе, над 20 се повредени

Руски сили во текот на ноќта извршија серија напади врз украинските градови Киев и Харков, при што загинале тројца луѓе, а најмалку 22 биле повредени.

Во нападот врз Харков загинале најмалку двајца луѓе, а 20 се повредени, меѓу кои и тројца тинејџери на возраст од 14, 16 и од 17 години, објави „Киев пост“.

Харков, вториот најголем град во Украина, се наоѓа на околу 30 километри од руската граница и во текот на целосната инвазија често е мета на ракетни и дронски напади поради близината до Русија.

Една од ракетите погодила петкатна станбена зграда во населбата Немишљански во Харков, изјави градоначалникот Игор Терехов. Гувернерот на регионот, Олех Синихубов, соопшти дека руските сили извршиле три удари во областа.

Итните служби соопштија дека загинатите се маж и жена, за кои се верува дека биле во шеесеттите години.

Повеќето од повредените се здобиле со трауми од експлозијата и со повреди од шрапнели, изјави Виктор Забашта, директор на Регионалниот центар за итна медицинска помош во Харков, додавајќи дека на местото биле испратени 10 екипи на итната помош.

Првичните наоди на обвинителството укажуваат дека руските сили можеби користеле ракетен систем за повеќекратно лансирање „Торнадо-С“ во нападот.

Одделно, руски напад со дрон погодил бензинска пумпа во областа Киевски во Харков, при што избувнал пожар. Засега нема информации за жртви на тоа место.

Нападите уследија откако Русија изврши воздушен напад врз Киев.

Шефот на Воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, непосредно пред полноќ првично предупреди дека Русија започнала балистички ракетен напад врз главниот град, повикувајќи ги жителите да останат во засолништа.

Ткаченко подоцна потврди дека една жена е загината, а двајца луѓе се повредени.

Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека телото на жената било пронајдено додека пожарникарите гаснеле пожар на едно од местата погодени во нападот во киевската населба Свјатошински.

Властите соопштија дека се утврдуваат околностите за нејзината смрт.

ВИДЕО | Русија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот