фото EPA-EFE/STR

Бројот на заразени со ебола надмина 1.700 — болеста се шири со движењето на населението, вели СЗО

Властите во Демократска Република Конго денеска соопштија дека бројот на потврдени случаи на ебола се зголемил на 1.708, а најмалку 580 луѓе починале, објави „Ројтерс“.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата сè уште не е стабилизирана и продолжува да се шири, бидејќи движењето на населението го поттикнува пренесувањето на вирусот.

Болеста е предизвика од реткиот вирус Бундибуџо, за кој не постои докажан третман или лек.

„За жал, сè уште сме во фаза на ширење. Би сакале да кажеме дека состојбата се стабилизира, но искрено, сè уште не можеме да го кажеме тоа“, изјави Ан Ања, претставничка на СЗО во Конго.

Таа посочи дека остануваат големи предизвици, меѓу кои и фактот дека некои центри за лекување на ебола се исполнети до 90 отсто од капацитетот.

Кенија ја запре изградбата на контроверзниот карантински објект за Американци заразени со ебола

Дополнителен проблем е што работници кои се разболуваат во рударскиот град Монгбвалу не бараат лекување таму, туку патуваат во други места и ја шират болеста во нови региони, рече таа.

„Проблемот се луѓето кои се враќаат, но се враќаат предоцна и умираат со своите семејства“, изјави Ања, додавајќи дека здравствените работници се обидуваат да постават повеќе контролни пунктови на патиштата за да го спречат ширењето.

Меѓу жртвите на епидемијата има и многу здравствени работници, вклучително и оние кои се заразиле пред епидемијата официјално да биде прогласена во средината на мај.

Други здравствени работници немаат соодветна опрема, како чизми, ракавици и водоотпорни заштитни одела, за да се заштитат од еболата, која се пренесува преку телесни течности.

Здравствените работници во најтешко погодената провинција Итури неодамна стапија во штрајк, жалејќи се на доцнење со исплатата на платите.

„Повеќето здравствени работници повторно започнаа со работа од вчера. Сè уште има неколку групи кои се незадоволни“, рече Ања.

Разгневена толпа запали болнички центар за ебола во Источно Конго, загина полицаец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот