Фото: EPA-EFE/HUGH KINSELLA CUNNINGHAM

Кенија ја запре изградбата на контроверзниот карантински објект за Американци заразени со ебола

Министерот за здравство на Кенија вчера изјави дека наредил итно запирање на изградбата на карантински центар наменет за Американци заразени од ебола, објави „Ројтерс“.

Министерот Аден Дуале ја соопшти одлуката еден ден откако бил прогласен за виновен за непочитување на судот поради тоа што не ги испочитувал наредбите за прекин на работите.

Дуале се појавил пред кениски суд кој ја блокирал изградбата на шаторскиот објект, финансиран од САД, во близина на централниот град Нанјуки, каде што претходно се одржале протести против планот, при што имало и жртви.

Објектот бил наменет за згрижување на американски државјани кои биле изложени на ебола за време на тековната епидемија во Демократска Република Конго, каде што досега се регистрирани повеќе од 1.000 случаи.

Кенија: Останки од седум возрасни и 25 бебиња пронајдени во вреќи во масовна гробница

Сателитските снимки од 22 јуни, анализирани од „Ројтерс“, покажале зголемување на бројот на шатори, проширување на асфалтираната површина и напредок во изградбата, вклучително и поставување структури кои наликувале на контејнери, во споредба со снимките од почетокот на месецот.

При изрекувањето на пресудата, судијката Патриша Њаунди Манде го предупредила Дуале да не го прекршува судскиот налог во иднина и го ослободила без изрекување казна.

И покрај судските наредби, авиони кои превезувале медицинска опрема и специјализиран персонал продолжиле да пристигнуваат во воздухопловната база, покажуваат податоците за следење на летови и информации од американски и од дипломатски извори.

Американски претставник минатата недела изјавил дека авиони и натаму слетуваат во базата носејќи материјали за објектот, додека персоналот на терен се обучува за работа во него.

Еболата се шири во ДР Конго — бројот на заразени се зголеми на 956, починаа 247 луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот