Згради станови / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Зошто просечниот закупец во Германија останува во ист стан 18 години?

Киријата е голем финансиски товар за многу закупци во Германија, но стравот од уште поскапи договори ги одвраќа од преселба, и покрај желбата за промена, според истражувањето на Институтот Аленсбах.

Сепак, закупците остануваат во становите што ги изнајмиле, плашејќи се од уште повисоки кирии, што го зголеми просечното време на живеење во истиот дом на 18 години. Пред десет години, 40 проценти од закупците живееле во истиот стан помалку од пет години, додека денес само 26 проценти од нив наведуваат толку краток период на изнајмување.

Уделот на оние кои живееле во истиот дом најмалку 20 години се зголемил на 24 проценти и е за шест процентни поени повисок отколку во 2019 година. Кога ќе се земат предвид дополнителните трошоци, станарите денес им плаќаат на сопствениците на недвижности 20 проценти повеќе кирија, во просек 807 евра месечно.

Новите договори за закуп на станови носат значително повисоки цени во многу градови. Во Хамбург и Минхен, тие сега се речиси 50 проценти повеќе отколку во 2016 година, додека во Берлин се зголемиле за околу 66 проценти.

И покрај финансискиот притисок, огромното мнозинство станари се задоволни од становите што ги изнајмуваат – дури 83 проценти од нив. Тие дале најдобри оценки за локацијата на зградата, распоредот на собите и достапноста на топла вода, додека најмногу поплаки биле за недостатокот на паркинг места, потрошувачката на енергија и киријата- пишува Бизпортал.

Најскапиот стан во Центар е продаден за 280.000 евра

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот