Болница на преподобните свештеници, Севилја, Шпанија - Фото: Википедија

ФОТО | По речиси 100 години, двете украдени барокни слики од 17 век се вратени во нивната матична црква во Севиља

Две баркони слики, масло на платно од барокниот уметник Лукас Валдес се вратени во црквата во Севиља – Шпанија, каде што првично биле поставени, речиси еден век пред да бидат украдени. Националната полиција на Шпанија ги пронашла делата во мај 2026 година, само неколку дена пред да бидат продадени, откако ги запленила од една аукциска куќа, пишува „Верајтеи“.

Властите потоа ги вратиле сликите во Севиља за време на свечената церемонија на примопредавање одржана во „Болница на преподобните свештеници“ (Hospital of the Venerable Priests).

Исчезнувањето на сликите датира од 1929 година, кога болницата ги позајмила за Иберо-американската изложба во Севиља, на меѓународен саем кој ги прикажувал културните и економските врски меѓу Шпанија, Португалија и Латинска Америка. Кога изложбата завршила во 1930 година, делата никогаш не биле вратени во црквата, и им се губи секаков траг.

Панелите прикажуваат библиски сцени и некогаш биле дел од главниот олтар на црквата. Историчарот на уметност Диего Ангуло Ињигез, водечки експерт за барок и поранешен директор на музејот „Прадо“ во Мадрид, ги документирал сликите во раните 20-ти, непосредно пред нивното исчезнување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scroll Europe (@scrolleurope)

Валдес, кој е син на влијателниот барокен сликар Хуан де Валдес Леал, голем дел од своето творештво го создал токму за „Болницата на преподобните свештеници“ . Роден во Севиља, тој ја изградил својата кариера работејќи за религиозните институции во градот, пред подоцна да работи како професор по математика на Поморскиот колеџ во Кадиз. Пронајдените слики припаѓаат на поголем опус од творци на Валдес кој и денес се чува во црквата, што го прави нивното отсуство од речиси 100 години уште позначајно.

Процесот на враќање започнал во септември 2025 година, кога Надбискупијата во Севиља ги препознала сликите во еден аукциски каталог и го алармирала шпанското Министерство за култура. Единицата за недозволена трговија со културни добра при министерството ја вклучила Бригадата за историско наследство на Националната полиција, која ја потврдила автентичноста на делата, го проверила нивното потекло и интервенирала пред да започне продажбата.

Наместо да водат долг правен спор, властите контактирале со тогашните сопственици на сликите и ги информирале за нивниот статус на заштитено културно наследство. Преку медијација меѓу сопствениците и Надбискупијата, двете страни се договориле делата да бидат доброволно вратени. На 20 мај 2026 година, официјалните лица свечено ги депонираа сликите во Надбискупијата во болницата „Лос Венераблес“, означувајќи го крајот на нивното 96-годишно отсуство.

ВИДЕО | Мистерија стара 350 години: Телото на познатиот мускетар Д’Артањан пронајдено под холандска црква?

Место покрај Рембрант во гробницата на црквата Вестеркерк во Амстердам чини 10.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот