Рембрант ван Рајн / Фото; Historic Images / Alamy / Profimedia

Место покрај Рембрант во гробницата на црквата Вестеркерк во Амстердам чини 10.000 евра

Секој што има доволно финансиски средства и желба наскоро ќе може да обезбеди последно почивалиште во близина на холандскиот мајстор Рембрант ван Рајн, пренесува „Нл тајмс“.

За 10.000 евра може да се резервира место за урна во новата крипта на црквата Вестеркерк во Амстердам, и тоа за период од десет години. Црквата се надева дека на овој начин ќе собере доволно средства за реставрација на подот, изјавил Џон Фасе од фондацијата „Пријатели на Вестеркерк“ за телевизијата АТ5.

„Половина од Ријксмузеумот е тука“, се пошегувал Фасе. „Скоро секој камен во Вестеркерк е надгробен камен.“

Црквата сега планира изградба на нова крипта за урни, која ќе биде наменета за обичните жители на Амстердам. Првите 150 места во криптата ќе чинат 10.000 евра по парче и ќе гарантираат десет години почивање во близина на Рембрант за пепелта на починатите.

Високата цена е наменета за да се соберат средства за изградба на криптата и за реставрација на подот на црквата. Како и многу други цркви во Холандија, и Вестеркерк се соочува со проблеми поради пропаѓање на тресетната почва, поради што подот мора да се замени. Се проценува дека целиот проект ќе чини околу 4 милиони евра.

„Откако ќе ги распределиме тие први 150 места, се надеваме дека ќе понудиме и поевтини опции, за секој жител на Амстердам кој тоа го сака да може да има свое последно почивалиште тука. Затоа што тешко можам да замислам поубаво место“, изјавил Фасе за амстердамскиот радиодифузер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот