Златан Ибрахимовиќ/EPA-EFE/MASSIMO PICA

ВИДЕО | Ибрахимовиќ му одговори на Роналдо: Се вратил? Мислев дека никогаш не замина…

Репрезентацијата на Португалија убедливо ја совлада селекцијата на Узбекистан со 5:0 (3:0) во натпревар од второто коло во групата К на Светското првенство, а во центарот на вниманието повторно беше Кристијано Роналдо, кој постигна два погодоци.

За Роналдо овие голови имаа дополнително значење, бидејќи во изминатите денови голем број аналитичари сметаа дека не треба ниту да биде стартер во овој натпревар.

По својот прв гол, португалската ѕвезда емотивно извика: „Се вратив!“, испраќајќи јасна порака до критичарите.

За натпреварот говореше поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ, кој за време на Светското првенство работи како стручен коментатор.

„Тоа беше натпревар во кој Португалија мораше да биде ефикасна и да постигне многу голови“, изјави Ибрахимовиќ.

Потоа се осврна и на изјавата на Роналдо:

„Не знам зошто рече дека се вратил. Мислев дека никогаш не ни заминал“, порача Ибрахимовиќ, испраќајќи зборови на поддршка за својот долгогодишен ривал и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Бесмртниот Роналдо и докторската дисертација на Карлош Кеирош

ВИДЕО | Роналдо не сакаше да одговори на прашање за Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот