Лионел Меси/EPA/AMY KONTRAS

Гледаме ефикасен Мундијал — урнат е рекордот по број на голови во групната фаза

Светското првенство веќе испиша нова страница во фудбалската историја, иако групната фаза сè уште не е завршена. Големата ефикасност на натпреварите во Северна Америка донесе нов рекорд по бројот на постигнати голови во оваа фаза од турнирот.

По 45 одиграни натпревари, мрежите се тресеа дури 137 пати, што е највисок број голови забележан во групната фаза на едно Светско првенство. Со тоа е надминат досегашниот рекорд поставен на Мундијалот во Бразил во 2014 година, кога беа постигнати 136 голови на вкупно 48 средби.

Сепак, треба да се има предвид дека актуелното Светско првенство се игра во проширен формат со 48 репрезентации и значително поголем број натпревари. И покрај тоа, споредбата останува импресивна бидејќи новиот рекорд е поставен по само 45 одиграни мечеви, односно пред да се достигне бројката на натпревари од изданието во 2014 година.

Кога станува збор за вкупниот број голови на едно Светско првенство, рекордот го држи турнирот во Катар во 2022 година со 172 погодоци. Веднаш зад него се Франција 1998 и Бразил 2014 со по 171 гол.

ВИДЕО | Хрватска ја доби Панама и остана во игра за осминафинале, Колумбија се радуваше против Конго

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот