Босна вечерва со Катар игра за мундијалско осминафинале
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина вечерва го игра клучниот натпревар против Катар во последното коло од групната фаза на Светското првенство во кој само победа ги остава Босанците во трката за нокаут фазата.
Препорачано
Избраниците на Сергеј Барбарез досега освоија само еден бод по ремито со Канада во воведното коло, додека во вториот натпревар беа убедливо поразени од Швајцарија. Поради тоа, денешниот дуел е вистинско финале за нив.
Но, идентична е ситуацијата и кај Катар. Азиската селекција има бод од средбата со Швајцарија и пораз од Канада, што значи дека и за нив единствена опција за пласман меѓу најдобрите е освојување на трите бода.
Селекторот на БиХ, Барбарез, порача дека неговиот тим не смее да потцени никого и покрај улогата на фаворит која им ја доделуваат дел од фудбалските аналитичари.
„Победникот ќе обезбеди место во следната рунда и останува да видиме кој повеќе го посакува тоа. Не обрнуваме внимание на прогнозите и улогата на фаворит. Ако се водиме според ФИФА ранг-листата, тогаш Катар е подобро пласиран од нас. Тоа покажува дека станува збор за квалитетна селекција која не е случајно на Светското првенство“, изјави Барбарез.
Натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Катар е закажан за 21:00 часот.


