Столе Солбакен и неговата сопруга Аникен / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Вирален бакнеж пред милиони сведоци — норвешкиот селектор го воодушеви светот

Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација, Столе Солбакен, ја воодушеви јавноста откако по победата од 3:2 над Сенегал и пласманот во осминафиналето на Светското првенство се искачи на трибините за да ја бакне својата сопруга Аникен.

Снимката од емотивниот момент брзо стана вирална, но зад неа се крие неверојатна животна приказна.

„Не знаев каде седи, па морав некако да се снајдам и да се качам на трибините“, изјавил Солбакен по натпреварот.

По мечот тој го пофали и својот најголем адут, Ерлинг Холанд, кој постигна два од трите гола за Норвешка, но призна дека завршницата од натпреварот била исклучително тешка поради притисокот на Сенегал.


Сепак, за Солбакен ваквите моменти имаат многу подлабоко значење. На 13 март 2001 година, додека бил фудбалер на Копенхаген, доживеал срцев застој за време на тренинг. Се урнал пред своите соиграчи, а неговото срце престанало да чука цели 12 минути.

Лекарите успеале да го вратат во живот благодарение на брзата реакција на клупскиот доктор Франк Одгорд, кој веднаш започнал реанимација сѐ додека не пристигнала итната помош. Подоцна му бил вграден дефибрилатор, а самиот Солбакен признал дека воопшто не се сеќава на денот кога бил клинички мртов.

Особено тешко било за неговото семејство. Неговата сопруга тогаш останала сама со две мали деца, а мајка му, додека патувала кон Данска, веќе почнала да го организира неговиот погреб, стравувајќи дека нема да преживее.

„Моите родители веднаш долетаа во Данска. Подоцна ми кажаа дека мајка ми во авионот веќе почнала да го организира мојот погреб. Прво се плашеа дали ќе преживеам, а потоа дали ќе имам оштетување на мозокот“, раскажал Солбакен.

Денес, четврт век подоцна, тој вели дека токму тоа искуство му го променило погледот кон животот.

„Срцевиот застој уште повеќе го зближи моето семејство и ме научи што е навистина важно. Повеќе не се оптоварувам со ситници и животот го сфаќам многу поопуштено“, изјавил норвешкиот селектор.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Меси е нов крал на мундијалските стрелци, Халанд и Мбапе си тераат по старо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот