Џенаро Гатузо официјално е нов тренер на Лацио
Поранешниот италијански селектор Џенаро Гатузо (48), кој ја напушти репрезентацијата откако не успеа да се квалификува за Светското првенство, стана нов тренер на Лацио.
Препорачано
Римскиот клуб се раздели со тренерот Маурицио Сари (67) во мај откако ја заврши сезоната во Серија А на деветтото место и го загуби финалето на Купот на Италија од Интер.
Benvenuto, Mister 🤝🩵#AvantiLazio pic.twitter.com/n9P3dkIYuP
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) June 23, 2026
– Клубот топло го поздравува својот нов тренер и е уверен дека неговото искуство, професионализам и решителност ќе му помогнат на клубот да ги постигне своите спортски цели – се вели во соопштението на Лацио.
По одличната играчка кариера, Гатузо го водеше Милан од 2017 до 2019 година. Потоа беше тренер на Наполи, со кого го освои Купот на Италија во 2020 година, ја водеше Валенсија во сезоната 2022/23, потоа и Марсеј во сезоната 2023/24, како и Хајдук Сплит во сезоната 2024/25.
Now it’s official! Rino #Gattuso is new #Lazio’s coach. Contract until 2028 (€1,5M/year) with the option for 2029. No surprise here and confirmed since the last May 25! #transfers pic.twitter.com/FaBiUG8Rjj
— Nicolò Schira (@NicoSchira) June 23, 2026
Клубот не ги објави деталите околу соработката, но поред информациите од италијанскиот новинар Никол Скира, Гатузо потпишал двегодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона ќе заработува 1,5 милиони евра годишно.
Италија сè уште не назначила постојан селектор по заминувањето на Гатузо. Силвио Балдини привремено ја врши функцијата од април. Медиумските извештаи сугерираат дека Роберто Манчини, кој ја предводеше Италија на Европското првенство во 2020 година, би можел повторно да биде на клупата на националниот тим.


