Фото: mkd.basketball

Берокал го повика и Нејт Систина за јулскиот ФИБА „прозорец“

Подготовките на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија продолжуваат со комплетирање на играчкиот ростер за завршниот дел од претквалификациите за Европското првенство 2029 година.

Селекторот Жозеп Мариа Берокал упати повик и до Нејт Систина, кој ќе биде дел од тренажниот процес и ќе биде во конкуренција за настап на двата натпревари од јулскиот ФИБА „прозорец“ против Ирска и Луксембург.

Станува збор за кошаркар кој настапува на позицијата крило, а во изминатиот период беше дел од составот на новиот шампион на Италија, Олимпија Милано. Систина се очекува да се приклучи на репрезентативниот табор на следниот утрински тренинг во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

По денот предвиден за одмор и индивидуална рекуперација, подготовките на македонските репрезентативци продолжија со нови имиња во составот. Првиот тренинг како репрезентативец на Македонија го одработи ДиВејн Стјуард Јуниор, а во работната група се приклучи и Андреј Јакимовски, кој ги пропушти воведните тренинзи и контролниот натпревар против Бугарија во Самоков.

Со приклучувањето на Јакимовски, Стјуард и Систина, практично се комплетира составот на кој ќе смета селекторот Берокал со својот стручен штаб во пресрет на клучните натпревари од претквалификациите.

ДиВејн Стјуард Јуниор ќе игра за македонската кошаркарска репрезентација

Македонија на 2 јули во Скопје ќе ја пречека Ирска (18.00 часот, сала „Лазар Лечиќ“), додека три дена подоцна, на 5 јули, ќе гостува кај Луксембург.

Пред овие дуели, „црвено-жолтите“ ќе имаат уште една проверка на формата. На 25 јуни во Скопјe ќе гостува селекцијата на Бугарија, а натпреварот е закажан за 18.00 часот во салата „Лазар Лечиќ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот