ВИДЕО | Синот на Дејвид Бекам ќе глуми во ЛГБТК+ романтична драма — објавена е првата фотографија
Студиото „Студиоканал“ го објави првиот кадар од актерското деби на Ромео Бекам во филмот „Forty Love“. Режиран е од реномираниот моден фотограф Пјер-Анж Карлоти, за кого ова е прво долгометражно филмско остварување.
Препорачано
Син на фудбалската легенда Дејвид Бекам и дизајнерката Викторија Бекам, веќе неколку години успешно работи како модел за најголемите светски луксузни брендови, а во овој филм глуми рамо до рамо со младата француска ѕвезда Пол Киршер, Гијом Кане и Бенџамин Воазен, а во филмот се појавува и филмската легенда Кетрин Денев.
Romeo Beckham to make his acting debut in romance ‘FORTY LOVE.’
It follows a tennis prodigy (Paul Kircher) who finds his world upended when a charismatic rival (Beckham) enters his life, forcing him to confront a challenge greater than any match: love.
(https://t.co/65OixiGh9a) pic.twitter.com/qWcjDI41GX
— Film Updates (@FilmUpdates) June 22, 2026
За што се работи во филмот?
Приказната се врти околу Саша Гало (Пол Киршер), тениска суперѕвезда која со години тренира со својот татко за да освои голем трофеј во Париз. Но, пристигнувањето на харизматичниот нов ривал, кој го игра Бекам, ќе предизвика Саша подобро да размисли за се она што мислел дека знае за конкуренцијата, амбицијата и за самиот себе.
„За првпат во животот, тој се соочува со противник од сосема поинаква природа, љубовта. Тоа е сила која е возбудлива, непостојана и далеку поопасна од сè што дотогаш сретнал на теренот“, се вели во официјалното сценарио.
Продуцентот Иго Селињак, кој зад себе има успешни проекти (како и дури пет филмови кои годинава имаа премиера на Канскиот филмски фестивал), изјави дека филмот е „сензуална, романтична и длабоко трогателна басна за созревањето“. Филмот ги прикажува суровите барања на професионалниот спорт од висок калибар, но и сè она што се крие под површината.
Покрај копродукцијата, „Студиоканал“ ги води и светските права за продажба, а официјалната премиера во кината во Франција е закажана за 25 ноември.
ФОТО | Ромео Бекам се пофали со нова тетоважа – грчката муза на љубовната поезија


