Синот на Лијам Пејн е именуван за единствен наследник на имотот на покојниот пејач, вреден 29 милиони долари
Бер Пејн (9), синот на Лијам Пејн, е единствениот наследник на имотот на покојниот пејач, вреден милиони долари.
Препорачано
Според судските документи до кои дојде списанието „Пипл“, Бер наследил 29.007.998 долари од имотот на пејачот. Иако дел од парите може да се искористат веднаш, поголемиот дел ќе се чува во фонд додека Бер не наполни 18 години, се наведува во судскиот документ.
Да потсетиме, Лијам Пејн почина на 16 октомври 2024 година, на 31-годишна возраст откако падна од хотелски балкон. Неговата поранешна партнерка Шерил беше назначена за администратор на имотот на Пејн во мај 2025 година, седум месеци откако почина без тестамент.
Во тоа време, документите покажаа дека бруто вредноста на имотот во Велика Британија била 38 милиони долари, додека неговата нето вредност била приближно 32,2 милиони долари.
Според владата на Велика Британија, средствата обично се доделуваат на законскиот сопружник на починатиот или, ако не биле во брак, на најблискиот роднина.
Би-би-си објави дека Шерил Кол (поранешната партнерка на Лијам), и адвокат ќе управуваат со парите, но тие моментално имаат ограничени овластувања и не можат да ги распределат. Исто така, се наведува дека во Велика Британија, во случај на смрт без тестамент, децата обично наследуваат имот ако нема сопружник.
Лијам и Шерил го добија својот син Бер на 22 март 2017 година. Пејачот претходно имаше изјавено дека отсекогаш сакал да биде млад татко, но призна дека татковството на рана возраст не било лесно.


