Рецепт за сладолед од лубеница — има нула калории
Сладоледот од лубеница освежува и истовремено е здрава замена кога очајнички ќе ви се пријаде нешто слатко. Во овој едноставен рецепт може да уживате цело лето.
Препорачано
Со оглед на тоа што за овој сладолед не се потребни намирници, како на пример, шеќер и млеко, можеме да кажеме дека има речиси нула калории, нискокалоричен е, па во него може да уживаат и оние кои внимаваат на фигурата, особено во лето.
Состојки:
– 700 грама лубеница, исчистена
– лимон или лимета
– 250 милилитри грчки јогурт
– една лажица мед
– половина лажичка екстракт од ванила
– рендано чоколадо по желба
Подготовка:
Лубеницата исчистете ја од семките, исечете ја на помали коцки, па распоредете ја на плех обложен што се обложиле со хартија. Ставете ја во замрзнувач најмалку три часа.
По три часа, извадете ја лубеницата и замрзнатите коцки ставете ги во блендер. Блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Потоа додадете го сокот од лимон или лимета, медот и јогуртот, па блендирајте уште малку.
На крај додадете малку екстракт од ванила. Добиената смеса префрлете ја во поголем сад и вратете ја во замрзнувач два до три часа.
Извадете ги топчињата сладолед и по желба посипете ги со малку рендано темно чоколадо.
Уживајте!


