Мадона одржа концерт на њујоршкиот Тајмс Сквер на 4 јуни 2026 година / Фото: Профимедиа

Мадона планирала да сними биографски филм во Србија — еве зошто пропаднал проектот

Кралицата на поп музиката Мадона откри дека нејзиниот долгонајавуван биографски филм требало да се снима во Србија, но дека проектот никогаш не бил реализиран поради несогласувања со студиото „Јуниверзал пикчрс“ околу буџетот. 

Во интервју за списанието „Интервју“, кое го пренесува и „Вариети“, поп-ѕвездата изјавила дека работела на сценариото две години и дека поминала исто толку време работејќи со луѓе од студиото „Јуниверзал“ на буџетот и изборот на актерите. Сепак, како што рекла, соработката била прекината бидејќи студиото не ја прифатило сумата што ја сметала за потребна за филм за нејзиниот живот.

– Требаше да снимам филм за својот живот. Две години работев на сценариото, а две години со продуцентите во „Јуниверзал Студиос“ работев на буџетот и кастингот. Дојде до конфликт помеѓу мене и „Јуниверзал“ поради буџетот, бидејќи ми требаше голем буџет. Имав исклучителен живот, голем живот, па затоа ми требаше и голем буџет – рекла Мадона.

Таа навела дека луѓето од „Јуниверзал“ не можеле да го прифатат буџетот потребен за биографски филм, поради што се обидела да најде начин да го снима филмот со пониски трошоци – во Србија.

– Се обидов да најдам начин да го снимам филмот за помалку пари во Србија. Можеби едноставно не веруваа во мене. Една од нивните први реакции беше: „Не веруваме дека во Србија би останале повеќе од четири дена“. А јас им реков: „Дали го прочитавте сценариото?“ Целиот мој живот беше борба за опстанок. Не одам таму на одмор – раскажала музичката ѕвезда.

Мадона рекла дека, откако ја прекинала соработката со „Јуниверзал“, добила понуда од „Нетфликс“ својот живот да го преточи во серија, но и тој процес траел со месеци. Таа навела дека не може да го користи сценариото што го развивала со „Јуниверзал“, освен ако не го откупи назад од студиото по, како што рекла „изнудувачка цена“, иако самата го напишала.

Според претходните информации објавени од „Вариети“, филмот требало да го следи патувањето на Мадона од растењето во Мичиген, преку уметничкото созревање во Њујорк во текот на осумдесеттите години, до издавањето на албумот „Ray of Light“ во 1998 година.

За главата улога на Мадона во 2022 година беше избрана Џулија Гарнер, позната по серијата „Озарк“, по повеќемесечен процес на аудиција следен од медиумите. Сценаристите Диабло Коди и Ерин Кресида Вилсон исто така работеа на сценариото во текот на годините.

Нетфликс сега развива автобиографска серија за Мадона преку договорот на продуцентот Шон Леви со таа платформа, но Џулија Гарнер не е дел од таа верзија на проектот, според наводите на „Вариети“.

„Јуниверзал пикчрс“ сè уште не се огласил за тврдењата на Мадона.

Шакира, Мадона и „БТС“ ќе настапат на првото шоу на полувреме во историјата на Мундијалите

„Здраво геј луѓе“: Мадона го претвори Тајмс Сквер во ноќен клуб со ненајавен концерт за Месецот на гордоста

ФОТО | Мадона повторно провоцира: Со новите фотографии ги остави сите без текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот