Ќе има драма во последното коло — еве како изгледа табелата на третопласираните на Мундијалот
Сè уште е рано за конечни заклучоци, но по одигрувањето на натпреварите од второто коло веќе може да се направи интересен пресек и да се насети дел од конечната слика. Сепак, пресметките и комбинациите за пласман ќе траат до последниот судиски свиреж.
Препорачано
Селекциите кои моментно се наоѓаат на врвот на оваа табела, Шведска, Шкотска, Хрватска, Алжир и Парагвај се во одлична позиција. Со по три освоени бода од два натпревари, ним во последното коло и нерешен резултат би им обезбедил мирен пласман во следната фаза.
Секако, дел од овие репрезентации можат да се искачат и на второто место во своите групи, но тоа ќе биде познато дури по завршувањето на последните натпревари. Швеѓаните, со гол-разлика од 6:6, во моментов ја држат најдобрата позиција меѓу третопласираните селекции.
Интересна е и ситуацијата со Зеленортските Острови и Белгија. Двете репрезентации имаат по два бода, освоени по две нерешени средби. Тие сè уште сами одлучуваат за својата судбина, победа во последното коло директно ги носи во нокаут-фазата, но и трет нерешен резултат по ред би можел да биде доволен за место меѓу осумте најдобри третопласирани селекции.
Меѓу фаворитите од сенка се и Хрватска и Белгија, светскиот вицешампион и третопласираната репрезентација од Светското првенство во Русија во 2018 година. И двете селекции сè уште имаат шанси да стигнат до второто место во групите, но постои и можност да останат без пласман доколку не успеат во последното коло.
Најтешка е ситуацијата за репрезентациите кои се наоѓаат од осмото до 12-тото место, Чешка, Конго, Еквадор, Босна и Херцеговина и Сенегал. Особено незавидна е позицијата на Сенегал, кој е единствената третопласирана селекција без освоен бод.
ВИДЕО | Мундијалски вести: Бесмртниот Роналдо и докторската дисертација на Карлош Кеирош
Гледаме ефикасен Мундијал — урнат е рекордот по број на голови во групната фаза


