Состојбата на бараката по поплавата во 2008 година
Комисијата за станбени прашања при Владата продолжено дискриминира воен инвалид од 2001, иако има слободни станови
Мирослава Симоновска
Пред
Комисијата за станбени прашања при владата продолжено дискриминира стопроцентен воен инвалид кој учествувал во конфликтот во 2001 година во Македонија, на начин што 25 години по ред не му дава стан од државата а им доделила стан на други со помал степен на инвалидност уште во 2006 година, констатираше Комисијата за заштита од дискриминацијата. Ова се случува и покрај тоа што во Македонија има слободни станови кои не се доделени и зјаат празни, таканаречен „станбен фонд“. Припадникот на безбедносните сили кој е дискриминиран, бил повреден во село Арачиново при преземање дејствија против вооружени групи, од експлозивни средства, при што се стекнал со трајни последици. Тој се здобил со инвалидитетот кога позицијата на која се наоѓал како полициски резервист, била погодена од гранати и мини во Арачиново.
Сопругата на бранителот, Ивана Митревска за „Слободен печат“ вели дека за нејзиното семејство ова одамна не е само приказна за едно нерешено барање за стан.
Ова е документиран пример за тоа како државниот систем повеќе од две децении не донесува конечна одлука за мојот сопруг – човек кој го загубил здравјето во служба на државата, кој припаѓа на најтешката категорија воени инвалиди и кој има уставен и законски приоритет при станбено згрижување, вели таа.
За неа недозволиво е државата 24 години да не носи конечна одлука, и да кажува дали нејзиниот сопруг бил рангиран и на кое место при доделувањето на становите.
-Не може да не се објават критериумите според кои други лица добивале станови. Не може да се тврди дека нема станови, а да не се достават податоците за становите на залиха, нераспределените единици, становите без акт и становите со привремен или нерегулиран статус. Не може мојот сопруг да биде оставен без соодветен дом, а да му се пресметува закупнина и да биде изложен на извршување за невселив објект. Не може државата истовремено да ја затвори вратата кон правото и вратата кон документите што покажуваат зошто правото не било остварено. Како сопруга и мајка не барам милост, не барам подарок, политичка услуга и привилегија надвор од законот. Барам државата да го примени законскиот приоритет што самата го утврдила за воените инвалиди, вели Митревска.
Уште во 2002 година, резервистот побарал стан од Комисијата за станбени прашања при Владата, ама наместо тоа – му дале руинирана барака која пропаднала до степен во неа да не може да се живее во 2008 поради поплава. Монтажната барака била уништена од влага, оштетени биле ѕидовите и кровот, се распаѓала конструкцијата и била нехигиенска.
Оттогаш тој е без покрив над главата што ќе му го обезбеди државата. Тој повеќе од 2 децении е изложен на институционално непостапување, управен молк и селективен третман, поради што трпи последици по здравјето, достоинството и семејниот живот. И покрај сите доставени барања, ургенции, документација и укажување за неговата здравствена состојба неговото станбено прашање не е решено. Сите овие години бил упатуван од една во друга институција, не му било овозможено реновирање на поплавената барака, а истовремено морал да плаќа кирија за неа и да се мачи со извршители, иако де факто не можело да живее во таква руина.
Состојбата на бараката по поплавата во 2008
Припадникот на безбедносните сили почнал да чита и ревизорски извештаи за да докаже дека слободни станови има, а него го дискриминираат.
Така во ревизорски извештај за работата на АД за изградба и стопанисување на станбен и деловен простор од значење за Републиката, видел дека постојат категории на станови кои се евидентирани како нераспределени, слободни, станови без донесени акти и решенија и диво вселени станови. Според него, овие докази се спротивни на тврдењето на надлежните институции дека „не постојат слободни станови“. Во 2022 година според него, постоеле 83 станбени единици на залиха, односно слободни и нераспределени станови од кои 29 се во Скопје. Додал и дека во 2022 година евидентирани се дури 1.050 станови што се користеле од други луѓе без никаков договор или решение за доделување со што се отвора прашањето дека тие незаконски се користат.
Од Комисијата за станбени прашања при Владата, одговориле дека нема дискриминација, туку дека предметот е пред управниот суд, иако само неколку дена пред тој да биде испратен во Управниот суд, Комисијата за станбени прашања имала седница на која овој случај воопшто не го ставила на дневен ред.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација не го прифати образложението на Владата, дека должината на постапката не е резултат на личниот статус или здравствена состојба на подносителот и дека случајот бил во „финална“ фаза на одлучување. На Комисијата за станбени прашања при владата ѝ е даден рок од 1 месец да одлучи за конкретниот човек и да обезбеди транспарентност на методологијата и критериумите за распределба на становите.
Комисијата утврди дека повеќе од 2 децении не е донесена конечна одлука за решавање на станбеното прашање на подносителот, иако континуирано поднесувал барања, ургенции, обемна медицинска документација. Иако бараката била неупотреблива, тој бил изложен на обврска да плаќа закупнина и извршни постапки, што дополнително ја влошило неговата материјална и социјална состојба, смета комисијата за спречување дискриминација.
Во неа се додава дека особено значајно за одлуката дека е извршена дискриминација, било тоа што во ревизорскиот извештај е констатирано дека има станбен фонд и станови на залиха што укажува дека не станува збор за апсолутен недостиг на станбени ресурси туку за прашање на нивна распределба и управување.
Комисијата констатира дека не станува збор за изолиран пропуст туку континуирано и долготрајно непостапување кое го става подносителот во понеповолна положба во однос на други лица во споредлива ситуација. Особено затоа што на други воени инвалиди им бил обезбеден стан.
Дополнително, токму поради тоа што се работи за воен инвалид, тој е во поголема зависност од институционална поддршка и заштита.
Станува збор за интерсекциска дискриминација, пишува во мислењето од Комисијата за спречување дискриминација.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Летото штотуку започна, а повеќето зелени површини низ градот веќе се пожолтени и суви. Градскиот парк што до пред една недела имаше зелена трева, се исуши откако после неколку жешки денови. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Анчелоти потврди: „Нејмар е подготвен за Шкотска“ 2 Се шпекулира дека со оваа надградба, новиот …
Вчерашниот донесе возбудливи натпревари, едно големо изненадување и нов мундијалски рекорд. Кристијано Роналдо уште еднаш го потврди својот статус со нови погодоци и рекорд на мундијалската сцена, Англија и Гана одиграа неизвесен натпревар без победник, додека Хрватска стигна до важна победа против Панама, во дуел кој ќе остане запаметен по јубилејниот настап на Лука Модриќ. …