Унгарија полиција/ Фото EPA-EFE/Tamas Matyus HUNGARY OUT

Ужас во Унгарија: болничар откопувал гробови и ги јадел телата на мртвите

Унгарската полиција уапсила 30-годишен болничар под сомнение дека откопувал гробови и јадел човечки остатоци, пренесува „Асошијатед прес“.

Осомничениот бил уапсен на 17 јуни во Будимпешта, по дојава дека крие делови од тела во својот дом и на работното место во болница.

При претрес на неговиот стан, полицијата пронашла черепи, цела потколеница, рака, кожа од лице и ковчег полн со други коски. Пронајдено било и срце во тегла, за кое форензичарите сè уште утврдуваат дали е од човечко или од животинско потекло.

Болничарот ја признал вината и изјавил дека бил „опседнат“ со човечката анатомија. Тој признал и дека некои делови од телата ги готвел и ги јадел.

Полицијата се сомнева дека до останките доаѓал преку работата во болница, но и со откопување гробови на напуштени гробишта во Унгарија и во Словачка.

Мажот моментално се наоѓа во притвор поради сомнение за нелегално користење човечки тела, а полицијата ги запленила неговите компјутери и мобилни телефони за понатамошна истрага.

Босански канибал кој со секира си ја убил мајката и го јадел нејзиното тело останува на лекување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот