Фото: Принтскрин

Босански канибал кој со секира си ја убил мајката и го јадел нејзиното тело останува на лекување

Канибалот од Босна, Сабахудин Велиќ, кој со секира си ја убил мајката Насиха (60), па потоа јадел дел од нејзиното тело, како и Анте Ниче од Ливна, кој заклал тројца членови од своето семејство, остануваат на чување и лекување во Заводот за форензичка психијатрија, пренесува Курир.рс. 

Судијата од општинскиот суд пред неколку дена, по обновената постапка и сослушување на тим на вештаци во невропсихијатрија, донел решение за продолжување на лекувањето на Велиќ.

Од општинскиот суд информираат и дека тројниот убиец од нивниот кантон, Анто Ниче, исто така ќе продолжи да се лекува во истата устанува во Сокоц.

Фото: Аваз.ба

Според податоците од Заводот за форензичка психијатрија на Сокоц, моментално во нивната установа се лекуваат 92 лица, информираат босанските медиуми.

Страшниот случај со Сабахудин Велиќ се случил минатата година на 14 септември, кога тој сам и се предал на полицијата во Сараево и раскажал дека во дворот од семејната куќа со секира ја убил својата мајка, а потоа и јадел дел од нејзиното тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот