Пушење цигари во домот - Фото: Рexels/ Rdne

Жена во Словенија заспала со запалена цигара, предизвикала пожар во зградата

Жена од Словенија вчера предизвикала пожар во станбена зграда откако заспала со запалена цигара, при што чадот се проширил низ целиот објект, објави „Дневник“.

Полицијата во градот Цеље околу 14:30 часот добила пријава за пожар во станбен блок на улицата Иршичева. Пожарникари од Цеље и доброволците од противпожарното друштво Острожно го обезбедиле местото на настанот, ја извлекле жената од станот и ги евакуирале останатите станари.

Пожарникарите го изгаснале пожарот, ја исклучиле струјата во станот, ја затвориле плинската боца и ја проветриле целата зграда, соопштила локалната Управа за заштита и спасување. На жената, која вдишала чад, ѝ била укажана медицинска помош.

Според полицијата во Цеље, жената заспала во станот со запалена цигара, поради што се запалил душекот, а чадот се проширил низ целата зграда.

Против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за предизвикување општа опасност.

ВИДЕО | Трагедијата која ја потресе Британија доби завршница: Родители заспале со запалена цигара, четири деца им загинаа во пожарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот