Андреј Пленковиќ / Фото EPA-EFE/GEERT VANDEN WIJNGAERT

Пленковиќ: Без меѓународно право помалите држави ќе станат обични набљудувачи

Без меѓународно право и силни мултилатерални системи, помалите држави ќе станат обични набљудувачи, а тоа Хрватска не сака да биде, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Торонто, пренесе Индекс.

„Веруваме дека во меѓународните односи за земји од наша големина постојат двајца најдобри пријатели. Едниот е потпирање на меѓународното право, а другиот е на зајакнати меѓународни, мултилатерални системи и подобрено светско управување. Без нив помалите земји ќе станат обични набљудувачи, што ние не сакаме да бидеме“, рече Пленковиќ.

Меѓународниот систем станува се повеќе и повеќе фрагментиран, но во исто време се повеќе се обликува од мрежи кои ги поврзуваат луѓето, општествата и земјите низ континентите, рече премиерот во рамките на своето предавање на Школата за светска и јавна политика Манк во Торонто.

„Во такво опкружување, издржливоста повеќе не е само цел на јавните политики, таа е стратешка неопходност. Слично на тоа, поврзувањето повеќе не се гледа исклучиво како двигател на економскиот раст. Инфраструктурата, транспортните коридори, дигиталните мрежи и енергетската интерконекција станаа клучни компоненти на националната и колективната безбедност“, тврди тој.

Затоа, Хрватска веќе инвестира во своите млади генерации со одвојување пет проценти од БДП за образование, бидејќи „без солидно образование, помалите земји едноставно немаат шанса во денешниот конкурентен свет“, објасни Пленковиќ.

„Затоа верувам дека идниот меѓународен поредок нема да го обликуваат само големите сили, туку и земји способни да обединат региони, да градат партнерства, да ја зајакнат отпорноста и да донесат практични решенија за заедничките предизвици“, рече премиерот.

Пленковиќ: Црна Гора напредува кон ЕУ, но мора да ги реши отворените прашања со Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот