Дете од Белград паднало во јама длабока 10 метри, го извлекле со тешки скршеници
Дете од Србија, на 14-годишна возраст, синоќа паднало во јама длабока 10 метри додека си играло со врсници, објави „Нова“.
Препорачано
Момчето си играло со група другари на земјено ритче во белградската населба Нов Белград, кога ритчето наеднаш се срушило и се отворила длабока дупка во земјата.
На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итна медицинска помош, како и полиција.
„Момчето било во свесна состојба, но со видливо тешки повреди, и со возило на Итна помош итно било пренесено во болница. Со дијагностика е утврдено дека има тешки повреди на ‘рбетот, односно сериозни скршеници на пршлените“, изјавил извор запознаен со случајот.
За настанот веднаш биле известени надлежната полициска управа, како и дежурното обвинителство.
На местото на несреќата бил извршен увид, а детална полициска истрага ќе ги утврди сите точни околности и причини што довеле до незгодата.
Спасувачка акција во Белград: Дете паднало во дупка длабока пет метри
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
23мин
-
46мин
-
49мин
-
54мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


