Фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

ВИДЕО | Два гола на Кристијано Роналдо во победата на Португалија против Узбекистан

Фудбалерите на Португалија денеска го победија Узбекистан со 5:0 во Хјустон во второто коло од групата К на Светското првенство.

Кристијано Роналдо постигна два гола за Португалија во својот 230 натпревар за репрезентацијата во шестата и 39 минута, додека Нуно Мендеш постигна гол во 17 минута.

Во второто полувреме, голманот на Узбекистан, Абдулвахид Нематов, си постигна автогол во 60 минута, додека Рафаел Леао го постави конечниот резултат во 87-та минута.

Кристијано Роналдо испиша историја на овој ме станувајќи првиот играч кој постигнал барем еден гол на шест светски првенства.

Узбекистан постигна гол во 29 минута, кога Азизјон Ганиев упати прецизен удар од далечина, но неговиот гол беше поништен по реакцијата од ВАР собата бидејќи Абосбек Фајзулаев претходно го фаулираше Кансело.

Португалија има четири бода, Колумбија има три бода со натпревар помалку, ДР Конго има еден бод од еден меч, додека Узбекистан е на последното место без бодови, со гол-разлика 1:8.

Во последното коло, Португалија ќе игра против Колумбија во Мајами на 28 јуни од 01.30 часот по македонско време, а Узбекистан ќе се сретне со ДР Конго во исто време во Атланта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот