Фото: EPA-EFE/Mariscal

Хулијан Алварез може да оди во Барселона, но за 500 милиони евра

Иднината на аргентинскиот напаѓач Хулио Алварез повторно е во центарот на вниманието. Иако моментално е со репрезентацијата на Аргентина на Светското фудбалско првенство, 26-годишниот голгетер призна дека размислува за заминување по две сезони во Атлетико Мадрид.

Алварез пристигна во Мадрид од Манчестер сити за околу 75 милиони евра и оттогаш постигна 49 гола и имаше 17 асистенции во 106 натпревари. Сепак, без да освои трофеј со Атлетико, сè повеќе се шпекулира за негово заминување.

По победата на Аргентина над Австрија на Светското првенство, напаѓачот потврди дека разговарал со челниците на клубот и дека верува дека трансферот би можел да биде добро решение за сите страни, но нагласи дека нема да се водат конкретни разговори додека е во тек првенството.

Барселона покажува најголем интерес, но Атлетико не планира лесно да се откаже од еден од своите најважни играчи. Според шпанските медиуми, клубот ги отфрлил претходните понуди и рекол дека Алварез ќе замине само ако некој ја активира откупната клаузула од дури 500 милиони евра. Иако се појавија информации дека трансферот би можел да биде завршен за околу 150 милиони евра, мадридскиот клуб го негира ова.

Според тврдењата од Шпанија, Реал понудил 150 милиони евра за Алварез, но Атлетико ја отфрлил и таа понуда.

Алварез најави ,,бомба”: Најдобро за сите е да заминам од Атлетико

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот