Ти Џеј Шортс не е веќе кошаркар на Панатинаикос
Американскиот кошаркар и репрезентативец на Македонија, Ти Џеј Шортс, веќе не е играч на Панатинаикос, официјално објави грчкиот клуб.
Препорачано
Шортс ја напушта Атина по една сезона, иако минатото лето потпиша двегодишен договор.
Искусниот плејмејкер имаше просек од 8,1 поен и 2,9 асистенции по натпревар во Евролигата, додека во домашното првенство имаше учинок од 11,8 поени и 4,1 асистенции.
– Ти благодариме за сè. Го остави срцето на теренот и го направи секој момент посебен. Ти посакуваме сè најдобро во новото поглавје – се вели во соопштението на Панатинаикос.
Американецот претходно играше и за Париз, Бон, Краилсхајм, Хамбург и Вентспилс пред да дојде во Грција.
Разделбата со Шортс е само дел од големата реконструкција на тимот што е во тек. Атинскиот клуб официјално се раздели и со Кенет Фарид порано денес. За потсетување, промените во Панатинаикос дојдоа веднаш откако клубот го промовираше Жељко Обрадовиќ за нов тренер на екипата во понеделник.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


